Видео: Роналдо со гол за пресврт и победа на Ал-Наср!

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо го комплетираше пресвртот со прекрасен гол, со што го остави Ал Наср во трката за титулата. Во 28-то коло на првенството во Саудиска Арабија, откако тимот триумфираше со 3-2 против Ал Шабаб.

Ал Наср започна со негативен резултат од 0-2 по првите 40 минути на натпреварот. Се чинеше дека се предаваат во трката за титулата откако Гуанка двапати постигна гол за Ал Шабаб, прво во 25-та, а потоа повторно во 40-та минута. Но во последната минута пред полувремето, Талиска успеа да ја намали разликата. Во вториот дел се случи пресврт.

Во 51-та минута, Гареб го израмни резултатот, а во 59-та минута, Роналдо со прекрасен гол за превземање на водството, и конечна победа на Ал Наср. Со оваа победа, тимот заостанува три бода зад првопласираниот Ал Итихад на две кола до крајот на првенството. Истиот вечерва славеше со 1-0 против Ал Батин.

Слични објави