Македонија се екипира за стартот на квалификациите за Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува стартот на квалификациите за Европското првенство. Во првата рунда на арената „Тодор Проески“ доаѓа Малта, а веќе започнаа мини-подготовките за овој дуел. 

Селекторот Благоја Милевски го свика тимот вчера во хотелот „Хилтон“ во скопската населба Аеродром, па почна и тренажниот процес. Со задоцнување пристигнаа дел од интернационалците. Аријан Адеми и Стефан Ристовски вчера попладне играа за Динамо Загреб, капитенот на „модрите“ имаше емотивен ден бидејќи го одигра последниот меч во овој клуб. Сега, мислите треба да се насочат кон Малта и стартот на евро-квалификациите. 

Слични објави