Туристичкиот магазин „Конде наст травелер“ објави листа со 50 најубави мали гратчиња во светот. Листата вклучува градови од различни делови од светот, од Бразил, Канада, преку Словенија па се до Јапонија. Листата била составена од нивните уредници, а она што особено им се допаднало при избирањето на најдобрите биле улиците со калдрма, колонијалната архитектура, неверојатните погледи и слично.
Во статијата се истакнува дека секоја земја на планетата има мали градови кои вреди да се истражат, и дека патувањата во таквите градови никогаш не предизвикуваат замор. Гратчето Албарасин во Шпанија добило најмногу гласови и е опишано како изолиран планински град со розови и портокалови згради кои се вклопуваат во карпестата околина. Исто така, се наведува дека Албарасин има готска катедрала и мавритански урнатини Алказар.
На листата се најдоа и други прекрасни градови како Блед во Словенија, кој се истакнува по Бледското Езеро, мал остров со цркви, поглед на Алпите и замок од 12 век. Исто така, се споменуваат и градовите Тбан Рак Таи во Тајланд, Банос во Еквадор, Биеи во Јапонија, Бокас дел Торо во Панама, Есперанца во Австралија, Гордес во Франција, Халштат во Австрија, Ируија во Аргентина и други.