Вања грабната во влезот на зградата, со врзани раце и нозе е сместена во вреќа за спиење и ставена во гепек

Вања Ѓорчевска е грабната во самиот влез на нејзината зграда. Веднаш со врзани раце и нозе е сместена во вреќа за спиење и ставена во гепек на украдениот цитроен, изнесена е надвор од Скопје и потоа е извршено убиството –  изјави обвинителот Гаврил Бубевски во текот на денешната прес конференција како одговор на новинарско прашање.

Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе.

Како што кажа Спасовски, Ѓорчевска е киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Убиецот ја убил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по пријавата.

Осомничени се пет лица, тројца се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице- таткото на малолетничката е приведен и со него е извршен разговор

Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со близок член на семејството, го организирал извршувањето на делото, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. За другата жртва, Панче од Велес, нема никаква врска со Вања, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, неговото возило е употребено за грабнување на малолетничката од влезот од каде што живеела. Според исказите на осомничените, таткото споделил информации со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома, кажа Спасовски на прес конференцијата

Слични објави