Денеска сите научивме кој е Васко Саздовски. Денеска сите дознавме дека македонски научник имал достигнувања надвор од земјава, додека неговото семејство живее во Македонија. Денеска сите се заинтересиравме да слушнеме нешто повеќе за Васко. Кој е, што е, што барал во Нови Сад…
Никој во ова проклето општество не знаеше кој е Васко Саздовски! А требаше секој од нас да знае за 45-годишниот научник кој работеше во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Сите требаше да имаме слушнато дека Македонија го има Васко Саздовски, доктор на науки, кој заврши на Универзитетот Кренфилд. Да знаеме дека првенецот на генерација на Воената Академија, после одличните резултати на Академија грабаше напред, се бореше, учеше, се надградуваше и достигнуваше. Се трудеше да успее во сопствената земја, да го донесе она што го научи надвор! Даваше сѐ од себе. Знаеше многу, но никој за него не знаеше. Тука никој не го забележа. Не затоа што не вредеше! Напротив! Затоа што никој не сакаше да го забележи! Затоа што во оваа сурова земја успехот никој не го забележува! Талентот, интелегенцијата никој не ги наградува. Таквите умови ги бркаме од дома!
Васко беше скромен, добродушен, вљубеник во животот и природата. Човек кој искрено ја сакаше сопствената земја иако таа постојано му задаваше удари. Немаше ветар во грб! Секој чекор напред го правеше сам, со многу работа, многу труд, многу учење! Го знаеше светот, Македонија не го знаеше! Му пружаше светот, Македонија го бркаше!
Светот беше премал за неговата иновативност! Васко Саздовски беше човекот чија брилјантност беше интересна за Англија, за Чешка, за Хрватска, за Германија, за Србија! Васко беше човекот кој се посвети на роботиката, но неговата иновативност беше преголема за Македонија. Неговиот робот кој одгледуваше стевија во неговиот роден крај, Свети Николе, не беше доволно интересен за македонскиот Фонд за иновации. Само затоа што Васко не беше нечие дете, затоа што Васко не беше дел од ниту една партија. Проектот на Васко Саздовски не беше фантомски за да добие пари! Беше реален, беше оригинален, беше иновативен. Но ете, не ги исполнуваше критериумите на нашиот Фонд зашто во неговиот проект парите ќе се користеа за конкретни цели, а не за делење.
Зад Васко остана Pinna Robotics. Остана да сведочи за она што тој го правеше, остана да зборува за она за кое сите беа глуви додека Васко беше меѓу нас. Васко остави зад себе сопруга и две деца! Да не ги заборавиме нив! Нека живее Васко преку Pinna Robotics, неговите синови нека бидат горди зад она што Васко Саздовски го остави зад себе!
Како што напиша во своето опростување Христена Антевска Јованчева, поранешна новинарка и пријателка на Васко, Македонија синоќа изгуби …!
Една прекрасна жена, најголемата поддршка на Васко и двајца алтани кои едвај чекаа да бидат со својот татко, кој често отсуствуваше поради неговата амбиција, поради работа и надградба, останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. што ти умееш!
Повеќе на Република