Вардар со реми против Пелистер, обезбеди бараж!

Во претпоследното коло од Втората македонска фудбалска лига се одигра добропознатото вечно дерби помеѓу долгогодишите ривали екипите на Вардар и Пелистер.

На натпреварот кој се одигра во Скопје, на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари, двата тима постигнаа по еден погодок што беше доволно и за по еден бод за секој од нив. Денешниот освоен бод против Пелистер значи дека Вардар дефинитивно го обезбедува третото место на табелата во второлигашката конкуренција, и ќе мора преку баражот, да проба да се врати во елитното фудбалско друштво -Македонската Прва лига.

Слични објави