Бугарија ја укина дополнителната такса за руски гас

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

И покрај прекините поради противењето на опозицијата, дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија беше укината со гласање и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што првенствено ја фаворизира рафинеријата Лукоил Нефтохим, известува Новините.

Дополнителниот данок на рускиот гас беше укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

„Им кажавме на Бугарите дека ако го задржат овој данок, ако ја загрозат безбедноста на унгарското снабдување со енергија, ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген“, изјави неодамна Сијарто.

Британската новинска агенција Ројтерс објави дека, додека повеќето западноевропски земји одлучија постепено да го исфрлат рускиот гас, Унгарија добива 4,5 милијарди кубни метри гас годишно од Русија, по договорот од 2021 година.

Слични објави