Според информациите од нашите северни соседи, српскиот кошаркарски интернационалец Никола Калиниќ ќе се врати во екипата на Црвена Звезда.
Калиниќ, кој се очекува да биде најзвучното име во тимот, ќе им помогне на „црвено-белите“ во борбата за место во топ 8 во Евролигата во новата сезона.
Еден од адутите на Црвена Звезда е лошата сезона на Калиниќ во екипата на Барселона. Тој и неговиот тим не успеаа да ја освојат титулата во Евролигата, откако загубија во полуфиналето на Ф4 турнирот во Каунас од својот најголем ривал, екипата на Реал Мадрид.
Ако се врати во Звезда, ова ќе биде четврти пат Никола Калиниќ да игра за тимот од „Малиот Калемегдан“.