Вообичаено одлука за цената на парното носиме во мај или јуни, но сега чекавме да се среди цевководот под мостот Беласица. Причината за тоа е гасот од Те-То кој е поевтин. Затоа сега цените се далеку пониски одошто можеа да бидат и не предизвикавме ценовен шок, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Сите проблеми со снабдувачите и долгувањата кон Владата се или решени или договорени, па очекувам да имаме мирна грејна сезона. Ги користиме сите механизми што ни стојат на располагање. На почетокот од годината цените на гасот беа многу повисоки, сега се стабилизирани цените, но пак се двапати повисоки од една нормална сезона, вели Бислимоски.
Откако трае енергетската криза на ЕСМ му дадовме многу ингеренции, сега мора да ги санира и загубите, а сега ја има и обаа обврска за снабдување со топлинска енергија бизнис во кој досега не бил, па ќе мора да се адаптира, вели Бислимоски и додаде дека пропустите се веќе решени.
– Секоја реформа што се прави мора да заврши во интерес на потрошувачите. Не може да преземаме нешто од ЕСМ и да се качат цените. Реформи значат подобрување на стандардите. Сега ги зголемивме цените оти мораме да враќаме долгови. Те-То можеби нема да даде доволно топлинска енергија поради доцнење на цевководот под мостот Беласица, ама тоа нема да биде на грбот на граѓаните. Народот плаќал и преплаќал. ЕСМ се престрои и парно мора да има, вели Бислимовски.