Англискиот репрезентативец Џуд Белингам е еден од најбараниот играч на трансфер пазарот. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, но Англичанецот преферира трансфер во Реал Мадрид. Борусија Дортмунд е спремна да го продаде на лето, но за неговата слобода бара 150 милиони евра.
Хари Реднап открива дека слушнал дека Белингам сака да оди во Реал Мадрид, а не во Ливерпул, Манчестер Сити или Челзи, како што се спекулираше.
Според последните информации кои ги донесува шпанскиот весник „Марка“, вечерва челниците на Реал Мадрид отпатувале во Германија за да го убедат Џуд Белингем да премине во нивниот клуб, Иако Ливерпул го посакува играчот, се верува дека Реал е неговата најреална опција. Реал е убеден дека може да го добие Белингем и приоритетно комуницира со Борусија Дортмунд и менаџерите на играчот.
Белингем не разгледува други понуди и Реал Мадрид се очекува да плати околу 150 милиони евра за неговите услуги. Играчот стигна во Борусија летото 2020 година, а денес е еден од најдобрите играчи во светот и еден од капитените на лидерот во Бундес-лигата.
Трансферот на Белингем треба да го надмине трансферот на Енцо Фернандез во јануари, кога Челси плати 121 милион евра за играч од средниот ред на Бенфика. Реал Мадрид е подготвен да го надмине овој рекорд и да испише историја.