Бебе родено пред осум дена починало на Детска клиника, било во тешка состојба

Бебе старо само осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба, потврдуваат од Клиниката. Според првичните информациите, станува збор за предвремено родено дете со мала тежина, кое страдало од тешка сепса.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, одбил да даде конкретни информации, а притоа рекол дека секојдневно низ Клиниките во земјава умираат деца.

Минатиот месец четиринаесетмесечно бебе почина на Клиниката, по што двајца лекари беа суспендирани.

Слични објави