Анчелоти: Симеоне е идеалниот тренер за Атлетико Мадрид

од Вести365.МК Ј.Р.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење за тренерот на Мадрид, Диего Симеоне, пред натпреварот со Атлетико во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

– Симеоне е идеален тренер за овој тим. Во спротивно тешко дека ќе издржеше толку долго на функцијата. Разговаравме многу и добро се познаваме. Се однесуваме еден кон друг со почит, го цитира Анчелоти „AS“.

Симеоне е главен тренер на Атлетико Мадрид од декември 2011 година. 

Натпреварот Реал Мадрид – Атлетико Мадрид ќе се одигра вечер од 20 часот во Ријад, Саудиска Арабија.

Во второто полуфинале, утревечер се среќаваат Осасуна и Барселона. 

Слични објави