Дали ФЗО манипулира со случајот на Леонид Индов, прашува заменик-народниот правобранител Јован Андовноски.
Тој посочува дека во мислењето на лекарскиот конзилиум е наведено: да се овозможи болничко лекување (не рехабилитација), лицето се упатува на лекување во странство.
„Во нашата установа, поради недостаток на искуство за третман на оваа состојба и недостаток на технички можности ова лекување не може да се овозможи”‼️
Како тоа ФЗО тврди дека лекувањето може да се спроведе во државата? Во која установа? Одговорите на овие прашања ФЗО ги должи не само на Леонид и неговото семејство, туку и на целокупната јавност“, напиша тој.
Инаку Фондот за здравство го одби семејството на младиот Леонид Индов кој со медицински хеликоптер беше префрлен во Виена да го продолжи лекувањето.
Фондот вчера соопшти дека барањето било одбиено бидејќи се работи за рехабилитација, а не лекување во странство.
