Американската амбасада цели дека не презема никаква улога во преговорите и не диктира услови за каков било договор помеѓу владата и и било која американска приватна компанија.
,,Бехтел не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу САД и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата, велат тие.
Додаваат дека амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор.
– Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни” – стои во ставот на амбасадата на САД во Скопје даден за ТВ Алфа.