Алкараз и Сабаленка го освоија Мадрид!

Карлос Алкарас ја освои титулата на АТП Мастерсот во Мадрид по долга борба во финалето, каде што ја оправда улогата на фаворит. Во финалната пресметка против Јан-Ленард Штруф, со траење од два ипол часа, Алкарас го победи со резултат 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-3). Со ова, Шпанецот ја одбрани титулата во Мадрид и стана најмлад играч кој го освоил пехарот на Мастерс од серијата 1000 по Рафаел Надал. Ова е вкупно 10-та титула во кариерата за младиот Шпанец, кој има 29 сезонски победи.

Во женскиот дел, белоруската тенисерка Арина Саболенка ја победи Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Мадрид со 6:3, 3:6 и 6:3. Ова е втората победа за Саболенка во Мадрид и петта на Мастерс 1.000, како и нејзина 13-та титула во кариерата, прва по Австралија Опен. Ова беше четврта победа во кариерата на белоруската тенисерка во меѓусебните дуели со првиот рекет во светот Ига Швјонтек.

Слични објави