Алкараз во “страшна” форма, го прегази и Зверев!

Карлос Алкараз, актуелниот шампион, покажа дека е во фантастична форма пред Ролан Гарос. Во реприза на минатогодишното финале на Мастерсот во Мадрид, го збриша Германецот Александер Зверев со 6:1/6:2 и се пласираше во четврт-финалето. Алкараз, кој ќе наполни 20 години во петок, оди на втора титула во низа по триумфот во Барселона. Зверев, кој се обидува да се врати во форма по долгата пауза поради повредата на скочниот зглоб од минатото лето, овојпат не можеше да направи ништо против супериорниот Шпанец на „Каха магика“.

„За мене е неверојатно што можам да играм на ниво како денеска. Не бев сигурен дека е возможно, и резултатот за мене е нереален. Имам многу самодоверба оваа пролет“, изјави Алкараз.

Денот беше одбележан и со две изненадувања во руските пресметки. Данил Медведев загуби со 7:6(1)/6:4 од Аслан Карацев, додека Андреј Рубљев загуби со 7:6(8)/6:4 од својот добар пријател и партнер за игра во двојки, Карен Хачанов.

Слични објави