Албанскиот опозициски блок бара место во ДИК

Албанската опозиција инсистира Алијансата за Албанците да го ослободи местото во Државната изборна комисија бидејќи таа е веќе дел од Владата, а во ДИК го држи местото на опозицијата.

Пратеникот на Движењето Беса, дел од обединетата албанска опозиција, Фадил Зендели вели дека е многу јасно како се поделени мандатите во таа Комисија.

„Во Изборниот законик многу јасно е дефинирано како се поделени мандатите на членовите на ДИК, 3 члена на ДИК се од опозициските партии и 4 члена се од партиите кои се на власт. Ова е поделбата и врз основа на ова има 1 место кое е празно во делот што и припаѓа на опозицијата“, вели Фадиљ Зендели.

Слични објави