Аквариумски ајкули пуштени во Охридското Езеро?

од Вести365.МК Ј.Р.

Канал 5 телевизија објави дека до нивната редакција пристигнала информација и фотографија за две лица кои наводно во водите на Охридското Езеро пуштиле аквариумски ајкули.

Лицето, кое сведочело на настанот, во дописот до редакцијата на Канал 5 телевизија , вели дека вчера пред полноќ, две лица дошле до брегот на езерото кај местото Сараиште и во водите пуштиле аквариумски ајкули.

Станува збор за непотврдена информација која доколку се испостави како вистинита, може да предизвика загриженост кај граѓаните.

Фото: Канал 5

Слични објави