Притисоците врз судството во Северна Македонија мора да запрат. Судиите мора да носат одлуки засновани на закон – порача денес во своето обраќање на конференцијата на Уставниот суд амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Според неа, независноста на судството денес е исто толку суштинска, исто толку витална и критички важна како што била секогаш, па повика секој од нас да ја брани бидејќи да не е така, спореди таа, притисоците врз судииое, дури и во САД, можат да бидат огромни.
„Уставниот суд на Македонија има незаменлива одговорност за заштита на човековите права на македонските граѓани, вклучувајќи ја и слободата на говор и владеење на правото. Секој треба да ја брани независноста на судството. И кај нас Врховниот суд е една од највлијателните институции а нашиот Устав е напишан така за да биде „испран“ од било кој нов бран на именувања на судии. питисокот врз нашата највисока институција може да биде огромен ако ние граѓаните не инсистираме дека тие притисоци да не бидат игнорирани, а судиите не бидат непристрасни без оглед на личниот бекграунд и личните верувања.
Со оглед на тоа дека и вие и ние сме пред избори независноста на судството е суштоинска, витална и клучна како што била секогаш.Само независноста на судството може да ги спаси владеењето на правото и демократскиот поредок. Судиите мора да дејствуваат со баланс и со интегритет. Верувам сил дека за доброто на земјата притисокот врз судството мора да запре. Судиите мора да носат одлуки базирани на закон а не базирани на притисоци од надвор“, порача Агелер.