„Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку сме малку корумпирани, а можеби и незамисливо за некои партии на власт“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари – коалицискиот партнер во власта кој одлучи партијата да премине во опозиција.
„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. За очекување е во овие тешки денови на оваа влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид. Не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки“, велат од АА.
Како што велат од партијата, Алијанса на Албанците е во своите најдобри денови и членството е фокусирано на, како што велат, работата кон октомвриската победа, алудирајќи на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.