Ќе се заловуваат кучиња скитници во Аеродром

од Вести365.МК Ј.Р.

Од денеска градското претпријатие „Лајка“ започнува со заловување на нексатрирани и агресивни кучиња скитници на територијата на Општина Аеродром.

Акцијата ќе трае во текот на целата недела, а директорката Радмила Пешевска ги повика граѓаните на Општина Аердором да помогнат со лоцирањето и телефонски да ги пријавуваат глутниците во претпријатието.

  • Целта е да бидат репродуктивно неспособни и да провериме дали се здрави и вакцинирани. додека трае третманот, кучето се објавува за домување и овие кучиња во голем број случаи си наоѓаат вдомувач. Граѓаните од овие населби слободно да се јавуваат и да пријавуваат локации, порача пешевска.

Аеродром е една од општините која најмногу ги полни полициските билтени со инциденти со каснување од куче, а претходно реагираше и градоначалникот тимчо Муцунски кој напомена дека од нивна страна редовно се плаќа надоместокот за „Лајка“ поради што очекува и повратна реакција.

Слични објави