Њујорк ги прогласи социјалните мрежи за опасни по јавното здравје

од Вести365.МК | М.Т.

Њујорк стана првиот голем град во САД кој ги прогласи социјалните мрежи за „опасност за јавното здравје“, објави денеска градоначалникот Ерик Адамс.

„Препознавајќи ја опасноста што социјалните медиуми ја претставуваат за младите луѓе и нивното ментално здравје, комесарот за здравство и ментална хигиена во Њујорк, д-р Ашвин Васан издаде совет од здравствениот комесар во кој го идентификува неограничениот пристап и употребата на социјалните медиуми како опасност по јавното здравје, исто како што претходно беше направено со тутунот и огненото оружје“, рече Адамс во своето годишно обраќање.

Тој ги повика компаниите кои поседуваат социјални мрежи „да не поттикнуваат криза на менталното здравје“, особено кај младите.

Слични објави