Судењето за Раде Трајковски – Штекли кој е обвинет за дрога се одложи за околу еден час откако до судот пред судењето стигнал допис дека Трајковски бил неконтактибилен и дезориентиран во сите правци.
Однесен бил на Клиниката на неврологија, рече судијата Илија Трпков.
Од затворот во Шутка со брза помош бил однесен на Клиника, а за здравствената состојба се жалел уште вчера.
Сега се чека да заврши прегледот и ако Штекли е добар, судењето да почне во 11.15.