Вчера во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете.
Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.