Вработен на шалтер во Општа болница Прилеп, ја фотографирал платежната картичка на пациент додека тој плаќал здравствена услуга, по што наредните четири месеци ја „цедел“ картичката и повлекол 90 илјади денари, соопшти МВР.
Првото повлекување на парите го извршил лани во октомври, по што продолжил да повлекува парични средства до февруари годинава – вкупно 90 илјади денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 13.10.2025, пријавениот како административен службеник на шалтер за наплата во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна платежна картичка на едно лице од Прилеп и во периодот од 26.10.2025 до 19.02.2026 извршил 71 интернет трансакција со вкупна сума од 90.174 денари“, соопшти МВР.