Циклонот „Фреди“ руши сè пред себе: Загинаа најмалку 200 луѓе

од Вести365.МК Ј.Р.

Циклонот „Фреди“ ги зафати Малави и Мозамбик, а најмалку 200 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиштето.

Владата на Малави објави дека „Фреди“ ги одзел животите на најмалку 190 луѓе, додека 584 се повредени, а 37 лица се водат за исчезнати, додека Мозамбик објави дека 20 лица загинале, а 24 се повредени поради циклонот, пренесува Гардијан.

Спасувачите предупредија дека бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми.

https://twitter.com/Ken_thatsme/status/1635905584984735746?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1635905584984735746%7Ctwgr%5E36130d37034b2af746b1a1eb9a25cc11b3c1ea51%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2023mm%3D03dd%3D15nav_category%3D78nav_id%3D2303099

Циклонот „Фреди“ ги погоди животите на речиси 59.000 луѓе во Малави, а 19.000 луѓе се раселени. Засолниште нашле во училиштата и црквите.

„Фреди“ неофицијално го собори рекордот на Светската метеоролошка организација (СМО) и стана најдолготрајниот циклон во историјата.

Досега рекордот го држеше циклонот „Џон“, снимен во 1994 година, кој траеше 31 ден.

Слични објави