ХАОС НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Најмногу се чека на Богородица

од Вести365.МК Ј.Р.

Продолжениот викенд е повод за посета на соседната сончева Грција.

Македонците навалија на викенд дружби кај соседите. Ќе се јаде морска храна и гиро викендов.

Од камерите пред граничните премини може да се забележи дека навалата е најголема кон Грција, каде има долга колона на возила.

Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција. Продолжениот викенд поради велигденските празници, голем дел граѓани ќе го поминат надвор границите на државата.

Гужви нема на границата кон Бугарија. На граничниот премин „Деве Баир“ е целосно слободно движењето.

Колкава улога играат политичките превирања кои ги зафатија нашите држави последниве месеци во слабиот проток на патници на овој граничен премин?

Слични објави