Хаос на Богородица, колони возила чекаат за излез од државава

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија.

Фреквенцијата на возила е зголемена на граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица каде што за влез во државава утрово се чека повеќе од еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Слични објави