Фатмир Меџити, Кренар Лога, Азир Алиу и Каја Шукова се новите членови на владиниот кабинет. Македонското собрание ги избра четворицата на седница посветена на реконструкција на владата. Од 114 пратеници, 65 гласаа „за“ Шукова, Лога и Меџити, додека Алиу мина со 64 гласа „за“.
Меџити го презема ресорот здравство од Беким Сали од Алтернатива, Лога го наследува местото на челен министер за правда од Никола Тупанчески, Алиу ќе раководи со МИОА на местото на Адмирим Алити, додека Шукова во МЖСПП доаѓа на местото на Насер Нуредини.
По изборот и свечената заклетва, седницата продолжи со точка за разрешување на тројца заменици министри, а имено Абдулшуќур Абедини за земјоделство, Лулзим Алиу за образование и наука и Башким Хасани за одбрана. Владимир Рендевски од СДСМ и Агим Нухиу поднесоа оставки на местата на замениците министри за здравство и правда.
Седницата беше прекината и закажана за денеска попладне (14 ч.) со точка за именување на нивни заменици.