Фон дер Лајен им честиташе на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.

„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, рече таа на платформата X. Минатата недела земјите-членки на ЕУ ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во блокот.

Постојаните претставници на ЕУ на 14 јуни постигнаа начелен договор за рамката за пристапните преговори меѓу Украина и Молдавија, пренесува Танјуг.

Претходно Европската комисија објави дека Украина и Молдавија ги исполнуваат сите критериуми потребни за формален почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Слични објави