Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, планира да затвори една фабрика за автомобили и барем уште еден помал индустриски капацитет кој произведува резервни делови, објавува „Блумберг“. Тоа ќе биде прв случај во историјата, Фолксваген да затвора фабрики што се наоѓаат на германско тло.
Европската автомобилска индустрија е во многу тешка и сериозна ситуација. Економското опкружување стана уште потешко и нови играчи доаѓаат во Европа. Германија како место за водење бизнис се повеќе заостанува во однос на конкурентноста“, објаснува извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме.
Главните причини кои се наведуваат во текстот се порастот на трошоците за енергија, логистика и работна сила. Ниската побарувачка за електричните возила на групацијата во Кина, исто така, одигра улога. Медиумите пишуваат дека поради затворањето на фабриките се заканува конфликт меѓу Фолксваген и германските синдикати.