Финскиот парламент го прифати законот за влез во НАТО со големо мнозинство, каде 184 пратеници гласаа за, а 7 беа против. Законот ќе треба да го поддржи и претседателот Саули Нииниште. Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО минатата година откако Русија ја нападна Украина. Турција ги прекина преговорите за пристапување на двете земји во јануари, но сега се споменува и можноста за одвоен влез поради турската блокада на Шведска. Влезот на Финска во НАТО мора да биде одобрен од сите 30 членки на Алијансата, од кои само Унгарија и Турција не го направиле тоа. Денеска во унгарскиот парламент почна расправата за ратификација на приемот на Финска и Шведска во НАТО, а следната недела се очекува гласање. Турција предупредува дека може само да го ратификува приемот на Финска, а разговорите за пристапување на Шведска и Финска продолжуваат на 9 март.