Филипче: Македонскиот јазик е нашиот код, коренот на нашиот идентитет

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот на политичката партија СДСМ, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Филипче во пораката вели дека македонскиот јазик е коренот на идентитетот и нашиот најсилен меѓународен промотор.

– Македонскиот јазик е нашиот код, коренот на нашиот идентитет. На овој ден им оддаваме должна почит на сите создатели на македонскиот литературен јазик. Денес, македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите нации и во Европската унија. Тоа е резултат на посветена државна политика и јасна визија. Владата на СДСМ, токму денешниот ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо – порача тој.

Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, Филипче вели дека македонскиот јазик е вграден во европското законодавство и поставен рамо до рамо со сите европски јазици.

– Наша обврска и на сите идни генерации е да го чуваме и негуваме нашиот македонски јазик. Не затоа што мораме, туку затоа што знаеме што значи да го имаш својот глас во светот – додаде тој.

Слични објави