Денес започнува десеттиот месец од годината, а истиот нуди еден продолжен викенд за работниците, како и еден неработен ден во средината на седмицата.
Според Законот за празниците на Република Македонија, неработни денови до крајот на 2024 година за сите граѓани се:
11 октомври (петок), Ден на народното востание
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (недела), Св. Климент Охридски, односно 9 декември (понеделник)
За граѓаните од католичка вероисповед, неработен ден е 1. ноември (петок),
Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.
За албанската заедница, неработен ден е 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.
За еврејската заедница, неработен ден е 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За бошњачката заедница, неработен ден е 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.
За турската заедница, неработен ден е 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.