Утрово најстудено е во Берово, каде утринската температура е измерена дури 3 степени.
По Берово, следуваат и 6 степени во Крива Паланка и Крушево, 8 во Виница, Штип, 9 во Охрид, Претор, 10 во Куманово, Битола, Демир Капија, 11 во Скопје – Петровец и најтопло со 12 степени во Тетово.
Денеска се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.