Утре ќе се одржи „Парадата на гордоста“, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај

од Вести365.МК | М.Т.

Утре од 15:00 часот во централното градско подрачје во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на „Парадата на гордоста“.

Утре во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, соопшти МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Слични објави