Унгарија блокираше пари за воена помош за Киев

Унгарија го блокираше доделувањето на осмата транша помош за Киев за набавка на оружје од Европскиот фонд за мир (ЕПФ) во износ од 500 милиони евра.

Ова го пренесе италијанската агенција Анса, повикувајќи се на извор во Брисел.

Траншата е вредна 500 милиони и требаше да биде исплатена следниот понеделник. Будимпешта, наводно, барала гаранции дека ЕПФ ќе го задржи својот „глобален“ хоризонт во иднина и дека средствата нема да се користат само за вооружување на Киев, додава Анса.

Вонбуџетскиот Европски фонд за мир (ЕПФ) е основан во март 2021 година, а наменет е за спречување конфликти и зајакнување на меѓународната безбедност, за што се издвоени околу 5,7 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

Најголем дел од средствата од овој фонд веќе се доделени за делумна компензација на земјите-членки на ЕУ за давање воена помош за Украина.

Слични објави