УКРАИНСКИТЕ војници во Бахмут ја опишаа за Си-Ен-Ен ситуацијата на теренот додека руските сили продолжуваат да вршат притисок да го заземат градот во источна Украина. „Ситуацијата во Бахмут сега е многу тешка. Многу е полоша отколку што беше официјално објавено“, рече војник кој сакаше да остане анонимен.
„Треба да додадеме уште 100% тежина на официјалните извештаи. Во сите правци. Особено во северниот правец, каде што Орките (Русите) постигнаа најголем напредок“, додаде тој. Тој ги демантираше руските тврдења дека украинските сили во градот се отсечени, односно дека не може да се снабдуваат.
„Градот ќе се брани до крај“
„(Населбата) Кромове е клучот за одбрана на градот. Кога ќе биде окупиран, ќе има само еден пат Бахмут – Костјантинивка за снабдување на градот. Веќе е под контрола на непријателски оган, а ако непријателот го зазема, снабдувањето ќе биде невозможно“, објасни војникот.
И покрај сите предизвици, тој најави дека украинските сили ќе го бранат градот што е можно подолго. „Градот ќе се брани до крај, без разлика на се. Сите разбираме дека се држиме и умираме за да купиме време за контраофанзивата на пролет. Не можеме да го предадеме секој град без борба“, посочи тој.
Војникот, кој се вика Киеван (потекнува од името на главниот град на Украина), раскажал како порано бил стациониран во Бахмут, но сега добива информации од неговите соборци кои се уште се во градот. „Ситуацијата околу одбраната на Бахмут е доста тешка“, рече тој. Трет војник кој зборуваше ги опиша битките во Бахмут како „пеколни“, но додаде дека украинските војници „се држат“.