Украина не може да победи на бојното поле, смета Марин Ле Пен 

од Вести365.МК | М.Т.

Лидерката на француската десничарска партија Национален митинг, Марин Ле Пен, смета дека преговорите со Русија се единствениот начин за решавање на конфликтот во Украина, со оглед на тоа што Киев не може да победи на бојното поле.

Ле Пен нагласи дека не може да се преговара за мир кога на маса ќе дојде само една од двете страни во конфликтот.

Очигледно е дека ќе треба да преговараме со Русија за да се обидеме да обезбедиме позитивно решение за Украина во овој конфликт во кој таа очигледно не може да победи – изјави Ле Пен за шпанскиот весник „Ел Периодико“.

Слични објави