Украина: Напредуваме на јужниот фронт

Украинските сили навлегле подлабоко во руската одбранбена линија кај селото Роботина, на јужниот фронт, изјави денеска портпаролот на украинската армија.

„Украинските сили забележаа успеси во насока на Новоданиловка и Вербова“, двa локалитетa лоцирани во регионот Запорожје, изјави портпаролот за државните медиуми.

Тој додаде дека украинските сили држат територија и ја напаѓаат руската артилерија.

Од јуни, украинската армија спроведува многу тешка контраофанзива на истокот и југот на земјата.

Слични објави