Ужас во Куманово: Ја силувал поранешната сопруга и објавувал експлицитни видеа од неа!

од Вести365.МК | М.Т.

Дваесет и петгодишен кумановец заработил две кривични пријави, стои во полицискиот билтен.

Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднесоа две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“.

Тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга.

При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода.

Слични објави