Угостителските услуги во април поскапи за 12.3 проценти од истиот месец лани

од Вести365.МК Ј.Р.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2.6 %. Cпоредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %. Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12.3 %. Kумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиотпериод од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1.6 %.

Слични објави