Уапсен Русин кој по налог на украински служби подготвувал атентат над новинарот Такер Карлсон

од Вести365.МК | М.Т.

Во Русија е уапсен Русин кој по инструкции на украинската тајна служба ГУР подготвувал атентат на американскиот новинар Такер Карлсон, за време на неговата посета на Москва, каде што го интервјуираше рускиот претседател, Владимир Путин.

На уапсениот, кој е роден во градот Подолск, во близина на Москва, му биле ветени 4.000 долари за да го разнесе автомобилот со кој требало да го земе Карлсон, на паркингот во хотелот „Четири сезони“.

Затвореникот наведува дека во подготвителниот период не знаел ништо за целта, а за време на подготовките за атентатот дознал дека целта бил Такер Карлсон.

Претходно, американски новинар изјави дека често е цел на американските разузнавачки агенции, кои го набљудуваат и дека порано имало ситуација кога протекле информации за негов план да го интервјуира Путин и, во таа пригода тој бил спречен да направи такви нешто.

Слични објави