Уапсени тинејџери во Германија, спремале терористички напад

Германската полиција денеска уапсила двајца тинејџери осомничени дека планирале терористички напад во Келн.

Станува збор за Едрис Д. (15) со германско-авганистанско потекло и 16-годишниот Расул М. (16), руски државјанин кој живее во Германија, пишува „Билд“.

Според весникот, Едрис преку Телеграм повикал на „света војна против Западот“ и најавил напад во петок на 1 декември, што ја поттикнало полицијата и обвинителството да реагираат.

Тој претходно не и бил познат на полицијата, ниту на Управата за заштита на Уставот, но истражителите откриле дека имал близок контакт со Расул М. кој е познат како симпатизер на терористичката организација Исламска држава и промотор на нивната пропаганда.

Тие наводно планирале да извршат напад на божиќен пазар или синагога во Келн.

Слични објави