Тројцата осомничени во случајот со Вања сместени во посебни простории во Шутка

Останатите тројца осомничени во случајот со убиената Вања се сами во посебни соби во Шутка, за да не се соочат со револтот на другите притвореници. Тие завршија зад решетки и добија 48-часовен притвор.

Порталот „Фокус“ повикувајќи се на нивни информации објави дека штипјанецот Влатко Кешишов, велешаните Велибор Манев и Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револтот на другите притвореници.

Дел од нив се жалеле и на здравствени проблеми, но немале некои поголеми потешкотии.

Слични објави