Сирени се слушнале утрово во воздухопловната база Инџирлик во Турција, објави турската новинска агенција Анадолија.
Според турските медиуми, сирените се огласиле околу 03:25 часот по локално време и траеле пет минути во Адана.
Турското Министерство за национална одбрана во понеделникот објави дека балистичка ракета лансирана од Иран кон турскиот воздушен простор била неутрализирана од средствата за воздушна одбрана и ракетна одбрана на НАТО распоредени во Источниот Медитеран.
Министерството додаде дека остатоците од ракетата паднале во ненаселена област во покраината Газиантеп во југоисточна Турција, истакнувајќи дека немало смртни случаи или повредени.
Американските војници се стационирани во турската воздухопловна база Инџирлик како дел од НАТО.