Јас го гледам како маж, тој направи криминал како маж. Тој треба да биде во машки затвор, изјави за време на судењето Шона Греам, сопруга на трансродовата жена Исла Брајсон. Брајсон доби осум години затвор за силување на две жени во Клајдбанк и Глазгов во 2016 и 2019 година, пишува BBC..
Брајсон го смени полот додека го чекаше наведеното судење. Судијата рече дека Брајсон претставува висок ризик за општеството и дека таа ќе биде под надзор три години по нејзиното ослободување.
Прво беше во женски затвор, но беше преместена во машки затвор откако протестираа активисти, политичари и експерти за човекови права на Обединетите нации.
Обвинителите рекоа дека Брајсон ги таргетирал ранливите жени на социјалните мрежи.
Сакал да ја силува и сопругата
Греам го запознала нејзиниот сопруг, потоа Адам Брајсон, во 2015 година, а следната година се венчале. За време на нивната врска тој никогаш не спомнал дека се чувствува како жена или дека би сакал да го промени полот, тврди таа.
– Верувам дека Брајсон се надеваше дека ќе ја помине казната во женски затвор бидејќи ќе му беше полесно, но планот не му успеа. Не можеш како маж да правиш кривично дело, а потоа да си го смениш полот откако ќе биде покренато обвинението – рече таа и додаде дека тој сакал да ја силува и нејзе и да ја избоде со нож.
– Се надевам дека ќе скапе во затвор – рече таа.