Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинира Кристи Мекормик од Калифорнија за амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. Белата куќа соопшти дека номинацијата на 9 ноември е доставена до американскиот Сенат, кој треба да ја потврди.
Мекормик е правничка со долгогодишно искуство во областа на изборите и заштитата на избирачкото право. Во декември 2014 година, американскиот Сенат едногласно ја потврдил за членка на федералната Комисија за изборна помош, каде што работела до јули 2026 година.
Пред да се приклучи на Комисијата, Мекормик работела во Одделот за граѓански права при американското Министерство за правда, каде што водела судски постапки за дискриминација при остварувањето на правото на глас. Од 2009 до 2010 година била виша правна советничка во Амбасадата на САД во Багдад, каде што како изборна експертка го следела спроведувањето на националните избори во Ирак, вклучително и повторното пребројување на гласовите. Правното образование го завршила со почести на Универзитетот „Џорџ Мејсон“.