Трамп: Би сакал да се сретнам со Путин колку што е можно поскоро

од Вести365.МК Ј.Р.

Доналд Трамп би сакал да се сретне со Владимир Путин „колку што е можно поскоро“, пренесува Телеграф.

„Штом се договориме, всушност би си заминал од тука и би одел“, рече Трамп во Абу Даби како одговор на прашање за средбата со рускиот лидер.

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Руските и украинските преговарачи се закажани денес за нивните први мировни разговори по повеќе од три години, во услови на зголемен притисок од Трамп двете страни да се вклучат во дијалог.

Претходно, Марко Рубио, државниот секретар на САД, пристигна во Истанбул, каде што се среќава со украинската делегација, додека неговиот помошник Мајкл Антон се среќава со руски претставници.

Слични објави