ТРАГЕДИЈА: Шест годишно девојче ПОЧИНАЛО додека примало инфузија

од Вести365.МК Ј.Р.

Трагедија ја потресе Битола откако шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница, пренесува Независен.мк.

Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареја било однесено од родителите на Педијатрија, и како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

„Вчера околу 10 часот девојчето е примено на Одделението за педијатрија, третирано е со терапија и нешто по 14 часот му се влоши состојбата по што почина. Како болница побаравме обдукција која е во тек, а резултатите од неа ќе бидат дадени на Обвинителството, по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта“, изјави д-р Обедниковски.

Слични објави